понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Докторот на Дарко Лазиќ се огласи со детали: Да можев да предвидам што ќе биде со него, ќе добиев Нобелова награда

Докторот на Дарко Лазиќ се огласи со детали: Да можев да предвидам што ќе биде со него, ќе добиев Нобелова награда

Додека не добијам одговор од неговиот организам, не можеме да даваме никакви други прогнози, ниту да планираме било што, објаснува Драгош Стојановиќ, директор на КБЦ Земун.

Во изминативе два дена се појавуваат многу информации за здравствената состојба на српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој вчера утрината имаше сообраќајна несреќа во која е тешко повреден. За неговата состојба се огласи лично неговиот доктор кој открива каква е здравствената состојба на пејачот.

-Тој и натаму е во многу тешка состојба, животно е загрозен. Има политраума со мултиоргански повреди. Секоја од нив е тешка, цели Стојановиќ.

Прашан што поточно значи „политраума“, докторот дава објаснување.

-Тој не бил врзан, се превртувал со автомобилот, па целото тело преживеало траума. Е сега, ем што постои траума, ем што постојат контузии и скршеници, сега очекуваме реакции на организмот кои почнуваат да се јавуваат на секое поле. Тоа е сега битка со реакција на целото тело. Тој е на интензивна нега, на апарат за дишење, ја следиме неговата состојба од минута во минута и вр основа на тоа ќе видиме што понатаму. Додека не добиеме одговор од неговиот организам, не можеме да даваме други прогнози, ниту планираме, објаснува докторот.

Тој ги замолил новинарите да не прашуваат дали операцијата ќе се одложи уште, бидејќи ништо не е предвидливо.

-Операција на што? Ве молам немојте да ме прашувате нешто што не е предвидливо. Луѓето коментираат сешто, а не ја знаат медицината, се занимаваат со предвидувања и изведуваат заклучоци. Тие работи не можеме ниту ние да ги знаеме.  Тоа се зависи од неговиот организам и од тоа дали во меѓувреме ќе реагира, како ќе реагира и што ќе се случи. Не можеме да зборуваме за нешто, додека прво не видиме. Не би се занимавал со прогнози, бидејќи во ваква ситуација тоа не е возможно. Сега се очекува реакција на организмот на таа широка траума и дури тогаш ќе знаеме што и како. Да можам нешто такво да предвидам, ќе добијам Нобелова награда. Направив конзилиум за него, внимаваме и го следиме од секој аспект, додава докторот.

За потсетување, Лазиќ го возел автомобилот во алкохолизирана состојба со 1,39 промили алкохол во крвта и без врзан сигурносен појас.

Најнови вести