недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Двојничката на Џеј Ло е посекси од неа

Двојничката на Џеј Ло е посекси од неа

Евелин е обична девојка која неверојатно многу наликува на славната пејачка Џеј Ло, а неодамна откри дека луѓето често поради тоа ја запираат на улица.

Професионалната шминкерка тоа секогаш го сфаќа како комплимент и се чувствува почестено што ја споредуваа со неа.

Евелин на социјалните мрежи често објавува материјали во кои имитира некои од најпознатите изгледи на Џеј Ло.

Нејзината содржина вклучува мејкап стилови инспирирани од музички спотови.

„Не ме изненадуваат коментарите и споредбите, бидејќи цел живот сум навикната на нив“, вели Евелин.

Додава дека 99%од луѓето ѝ велат дека изгледаат како да се близначки, а други пак сметаат дека наликува како микс од Кејт Хадсон и Џенифер Лопез.

„Што и да ми кажат, тоа секогаш за мене е комплимент. Искрено, јас на тоа не гледам така, за мене ова е само моето лице. Многу ретко гледам сличности со Џеј Ло“, вели Евелин.

Живее во Њујорк, но е родена и израсната во Доминиканска Република, каде живеелеа до деветгодишна возраст, пред да се пресели во САД.

„Безброј пати ме имаат запрено на улица додека шетам низ градот. Кога ќе се запознам со нови луѓе, секогаш добивам исти комплимент и сите пријатели ми велат дека личам на неа. Сум минала низ трансформации, сум била подебела, послаба, ја сменив и бојата на косата, но тоа нема врска. Очигледно, секогаш изгледам како неа“, вели Евелин.

Најнови вести