Кога е имиџот во прашање, особено фризурата, некои припаднички на понежниот пол, ретко, а некои и никогаш не прават промени на себе.
Пејачката Викторија Лоба е една од тие девојки што уште од малечка остана да си ја негува својата природна руса коса која со години и беше долга.
Пред некое време се реши да ја потскрати, но не драстично, онака за освежување.
Некои од македонските стилисти често знаеја да и сугериррат да направи промена, односно дека и е време да се покаже во некое поинакво светло. Но, тоа не баш допираше до неа, па остана онаква каква што е со својот препознатлив знак.
Периодов освен што повторно се активираше на музички план, тука се и рекламните ангажмани на одредени брендови. Доста активна е и со инфлуенсерството на Инстаграм, така што убавата пејачка со руско потекло никогаш не мирува.
Така беше и со еден од последните ангажмани или фотосесија каде за првпат ја видовме со драстично поинаква фризура- афро.
Изгледа ретро, но ултра модерно и впечатливо, а мора да се признае дека одлично и прилега.