Австралиската пејачка Сиа неодамна го покажа своето лице откако го криеше со години.
Популарната пејачка откри дека направила затегнување на лицето и му оддала почит на нејзиниот пријател и пластичен хирург Бен Талеи на доделувањето на дневните награди за убавина во 2023 година.
-Јас сум поп ѕвезда која нормално го крие лицето и не лаже за тоа. Добив неверојатен лифтинг на лицето од д-р Талеи. Тој е неверојатен, тој прави толку добра работа, рече пејачката.
Нејзиниот хирург исто така имал само пофални зборови.
-Не знам дали знаете колку е неверојатна Сиа како личност. Имаме многу заеднички пријатели и секогаш е шокантно колку ја сакаат. Таа е неверојатна, рекол хирургот Талеи.
Инаку, оваа 47-годишна ѕвезда во интервју за Билборд во 2013 година изјавила дека решила да го сокрие лицето за да ја задржи приватноста, но и поради несигурноста која ја развила по нејзината слава.
Покрај затегнувањето на лицето, таа претходно направила липосукции на брадата и стомакот.