петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Вереницата го “шутнала” разгалениот син на моќниот американски милијардер, а тој одлучил скапо да ѝ наплати

ФОТО: Вереницата го “шутнала” разгалениот син на моќниот американски милијардер, а тој одлучил скапо да ѝ наплати

Вајат Кох, моден дизајнер и син на моќниот американски милијардер Бил Кох, ја раскинал веридбата со својата девојка и сега го бара назад вереничкиот прстен кој е вреден 250 илјади долари.

Вајат кој живее на Флорида, денеска поднел тужба против Ајви Слокамб. Тој во март ѝ купил дијамантски прстен од 8,24 карати за 180 илјади долари, но неговата вредност денес е проценета на четврт милион долари.

Кох во тужбата навел дека Ајви била таа која ја раскинала веридбата во мај и дека повеќе пати барал од неа да му го врати прстенот, но тоа не се случило.

“Прстенот го доби условно. Таа одби да го врати и покрај барањето” – пишува во тужбата во која Кох, освен прстенот, бара и 15 илјади долари оштета.

Не е познато дали и неговата поранешна вереничка најмила адвокат.

Вајат Кох е основач на компанијата “Wyatt Ingraham LLC”, модна линија за мажи. Како што се наведува на сајтот на компанијата, неговото чувство за мода е смело, а Вајат смета дека облеката треба да биде повод за почеток на разговор.

Таткото на Вајат е “тежок” околу 1,7 милијарди долари. Бил е коосновач на Академијата Оксбриџ во Вест Палм Бич.

Семејството Кох е често во центарот на светското внимание, а тие се сметаат за едни од “главните играчи од сенка” на американската политика.

Најнови вести