сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Има тело како на девојка: Актерката и во седмата деценија од живот изгледа одлично (ФОТО)

Има тело како на девојка: Актерката и во седмата деценија од живот изгледа одлично (ФОТО)

Познатата актерка и во седмата деценија од животот се уште плени со нејзиниот изглед, а еве што вели дека наводно имала хируршки интервенции

Даница Максимовиќ (66), со фотографиите во костим за капење кои што ги објави на социјалните мрежи предизвика лавина на коментари, а покрај големиот број на компименти кои што ги добила на сметка на нејзиниот изглед, имаше и такви кои сметаат дека актерката подлегнала на естетска хирургија, па затоа изгледа толку добро и во седмата деценија од својот живот.

-Имам тело како на девојка затоа што водам сметка околу себе веќе повеќе од 30 години. Секој ден вежбам и се хранам здраво, открила познатата актерка за српски Информер и додава:

-Немам силикони како што некои пишуваат и зборуваат, немам дури ниту грам целулит, додава таа.

-Во мојата исхрана е честа рибата, многу вода и лимон кој што ги топи мастите. И што е најважно, никогаш не вечерам, дополнила Даница.

Таа вели дека потребно е голема воља за да се дојде до посакуваниот резултат.

-Откако се откажав од алкохолот, сосема го променив начинот на живот. Покрај исхраната и редовното вежбање јога и пилатес, секојдневно се негувам. Здрава сум и права, што е и најважно. Џабе ви е се ако не сте ментално и духовно здрави, заклучува сексапилната и возрасна српска актерка.

Ова лето медиумите баш често пишуваат за неа.

 

Најнови вести