Американската пејачка и текстописец Мараја Кери (50) беше честа гостинка во емисијата на познатата водителка Елен Деџенерис (62), која во моментов е на мета на јавна осуда откако нејзините бројни поранешни и сегашни работници открија дека биле злоупотребени и сексуално злоставувани на работа.
Имено, Мараја беше гостинка кај Елен во 2008 година, кога се шпекулираше дека е бремена, а Елен тогаш по секоја цена се обидуваше на грд начин да ја натера пејачката да признае дека е бремена.
Елен ја праша Мараја дали е вистина дека е бремена, а додека таа само се насмеа, водителката зеде шише шампањ и две чаши во кои истури алкохол. Мараја тогаш рече дека ќе се напие пијалок затоа што смета дека нема алкохол внатре.
„Не можам да верувам дека ми го правиш ова, Елен“, рече Мараја во тоа време во емисијата.
-Ќе наздравиме дека не си бремена, ако не си бремена – и ’рече Елен, на што пејачката се прашуваше:„ Зошто би наздравила за тоа?“.
Мараја тогаш рече дека е рано за алкохол, стави чаша на усните и испи мала голтка, па Елен веднаш рече: „Да, бремена си“.
Пејачката сега раскажа како и било во тој момент.
-Не бев подготвена да кажам ништо на никого, бидејќи имав спонтан. Не сакам да ја искомплицирам ситуацијата понатаму, но воопшто не уживав во тој момент. Би сакала да покажеше емпатија во тој момент, но што требаше да сторам, рече Мараја за странските медиуми.
Пејачката тогаш беше во брак со комичарот Ник Кенон (39) шест месеци, а за време на гостувањето, таа била навистина бремена.
Познати личности ги осудија постапките на славната водителка.