Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева отсекогаш била резервирана кога е во прашање нејзината приватност, па и социјалните мрежи најчесто ги полни со фотографии од нејзните музички и модни ангажмани.
Со ковид пандемијата долго време музичарите имаа стангација, а меѓу нив разбирливо беше и таа.
Но денес кога барам навидум спласнаа силните рестрикции, и Каролина и се врати на сцената.
Освен настапот во родната Битола каде се пееше за Тоше и Аки, претходеше настап во еден скопски бар каде таа изгледаше како и секогаш – совршено.
Сепак, разголениот стомак на кој видливо се гледаат цврстите стомачни мускули влезе во фокус.
View this post on Instagram
Гочева на 28-ми април ќе наполни 42 години, но очигледно тие се само број кога е во прашање нејзиниот изглед.
Иако не открива ниту како го одржува телото, во неколку наврати изјавила дека се грижи за линијата и е посетена на вежбањето.
Комплиментите од бројните фанови очекувано се редеа, што за пеењето, што за изгледот, а меѓу реакциите имаше и такви од колегите на кои таа им се заблагодари.