Македонската водителка Милена Антовска со нетрпение очекува да стане мајка по втор пат.
Таа постојано е активна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од трудничкиот стомак, а истото го направи и овој пат.
Таа сподели фотографија на која носеше фустан под коленици и високи црни чизми држејќи се со едната рака за стомакот.
Таа едноставно под фотографијата ја стави бројката 33 алудирајќи дека е во 33-та недела од бременоста, а тоа значи дека наскоро доаѓа и новиот член во семејството.