Фолк пејачот Миле Китиќ ја раскажа големата тајна за неговиот најголем хит и како ја добил песната.
Станува збор за песната „Kraljica trotoara“. Имено за време на гостувањето во емисијата кај Огњен Амиџиќ, пејачот откри дека песната била наменета за Ѓорѓе Балашевиќ.
-Кога излегов од „Јужен ветер“, Бог ме погледна. Отидов кај мојот другар Стевица Симеуновиќ. Ја зема тетратката и вртеше по неа, па на гитара ја засвири малку песната. Мене ми се допадна, но ми рече дека не е за мене, туку за Балашевиќ. Тој да ја раскажел во придружба со две гитари. На крај испадна јас да ја снимам. Песната кај него стоела седум години, открива Миле Китиќ.