Поранешната српска кошаркарка, Милица Дабовиќ објави видео на својот Инстаграм профил преку кое сакаше да го честита Божиќ, но наместо тоа наиде на лавина критики од следбениците.
Имено таа облече портокалов фустан со длабоко деколте до папокот, а потоа го честиташе раѓањето на Господ Бог, Исус Христос.
„Нема понатаму од ова“, „многу религиозно, нема што“, „како не ти е срам“, „вака не се честита Божиќ“, се само дел од коментарите под нејзиното видео.
Инаку Милица ја следат повеќе од 9.000 луѓе на социјалната мрежа „OnlyFans“ што значи дека месечно заработува 136.000 евра со оглед на тоа дека претплатата на нејзиниот профил е 15 долари.