недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

МНОГУ СЕ ШПЕКУЛИРАШЕ ШТО Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА Цеца Ражнатовиќ признала зошто Анастасија не сака да сними песна со неа, пејачката ја откри вистината

МНОГУ СЕ ШПЕКУЛИРАШЕ ШТО Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА Цеца Ражнатовиќ признала зошто Анастасија не сака да сними песна со неа, пејачката ја откри вистината

Призна сѐ

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ вели дека Вељко и Анастасија не сакаат кога ги споредуваат со неа или со нивниот татко, бидејќи уште од мали нозе ги научила да бидат свои.

– Секогаш му велев на Вељко дека никогаш не смее да дозволи да го споредуваат со татко му. Истото важеше и за Таса, јас сум Цеца, а таа Анастасија. Не ѝ е комплимент кога ќе кажат „Оваа мала е истата Цеца“. Секој си има свој пат, една Цеца веќе постои, нема потреба од друга – вели пејачката и додава дека Анастасија со задоволство го прифатила нејзиниот совет.

– Сѐ што ѝ кажав очигледно вроди со плод бидејќи ќерка ми не сака ние две да снимаме дует. Се надевам дека некако ќе ја убедам да ги вкрстиме гласовите. Целосно разбирам што е против тој дует, бидејќи секој би не споредувал. Кога ја започнав кариерата, најголеми ѕвезди беа Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ, но никогаш не сакав да бидам една од нив. Се трудев да бидам и да останам само своја – призна Цеца.

Најнови вести