На патот кон Виена, Јелена Карлеуша и нејзините наследнички Атина и Ника создаваа спомени за паметење.
Дел од незаборавниот ден дефинитивно беше и шопингот, кој е незаменлив дел од животот на пејачката, па таа го искористи ова патување да им организира шопинг на ќерките пред забавата во која ќе уживаат.
Кога пристигнале во сместувањето, се’ било подготвено за роденденска забава која Атина (14) и Ника (13) вечно ќе ја паметат, затоа што нивната славна мајка со многу стил им приреди роденденска забава на наследничките во еден од најпрестижните виенски ресторани.
View this post on Instagram
Целото семејство на Јелена уживаше во изобилството на храна и пијалаци, вклучувајќи го и Зоран Бирташевиќ, нејзиниот соработник и најдобар пријател. Секако, овој голем ден не можеше да помине без тетката на Јелена Данијела, па нивното мало среќно семејство докажа дека е така.
View this post on Instagram
За тоа колку уживале сведочат неколку кадри во рамките на инста-стори на Јелена, а во еден момент видовме дека сите заедно наздравија во чест на девојките кои оваа вечер блеснаа во прекрасни црни елегантни фустани.
Мама Јелена, пак, носеше прекрасен долг бел фустан кој симболизира невиност, среќа, чистота и елеганција токму какви што се нејзините ќерки.
View this post on Instagram