Хејли Скот, најстарата ќерка на популарниот американски рапер Еминем, за својот 22 роденден на својот профил на Инстаграм објавила фотографија на која покажала дека сега, навистина, е голема девојка.
Згодната Хејли самата си посакала среќен роденден, додека мажите под фотографијата и пишувале пораки во кои ја фалеле и „ѝ нуделе” да и бидат емотивни партнери.
На фотографијата, Хејли лежи на црвен двосед, на себе има тесни фармерки и бела маица под која нема градник, па градите „делумно и испаднале”…
Инаку, Хејли пораснала со ќерката на нејзината тетка Алиана, која Еминем и Ким ја посвоиле бидејќи нејзината мајка не била во состојба да се грижи за неа.
Двете ја имаат и помладата сестра Витни, девојчето кое Ким го добила во врска со друг маж.
Еминем на крајот добил целосно старателство над Витни, а во 2005-тата година и легално ја посвоил.
Инаку, Еминен и Ким Матерс, своевремено ги полниле весниците со текстови за своите бурни односи. Парот бил во врска од средно училиште, во 1996-тата година ја добиле Хејли, а во 1999-тата година се венчале. Меѓутоа, во 2001-та година се развеле.
За пет години парот повторно се венчал, а по неколку месеци нивниот брак повторно завршил. Славниот рапер хаосот во животот го искажувал преку песните, а некои од најпознатите се „Kim”, „Stan” и песната посветена на Хејли – „Hailie’s song”.