Фолк-пејачот Миле Китиќ и неговата сопруга, пејачката Марта Савиќ, живеат во прекрасна вила во Белград која ја уредиле по свој вкус.
Имено, надворешноста на куќата е бела, вилата е опкружена со високи ѕидови со огромна црна капија, а ролетните на прозорците се спуштени, така што внатрешноста на куќата не може да се види од улицата, пишуваат српските медиуми.
Куќата е сместена меѓу згради, а тоа е невозможно да не се забележи, бидејќи му „боде“ очи на секој што случајно ќе се најде на таа улица.
Во вилата доминира бел мермер, а елеганцијата и умереноста зрачат од сите страни.
Белата боја преовладува од сите страни и очигледно е дека славната двојка инсистирала на тоа бидејќи го отвора просторот, а на дел од фотографиите се гледаат и крем мермерот, како и декорацијата која е координирана со истиот.
Во куќата посебно внимание привлекува каминот, кој на нивниот дом му дава посебна топлина и чувство на удобност и семеен простор.
Вилата има и базен кој се наоѓа во средината на истата, соба за билијард, огромен гардеробер, а се шпекулира дека парот потрошил над половина милион евра за реновирање на имотот.