вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Обложувалниците лицитираат со името на малиот принц- еве кои имиња се во игра

Обложувалниците лицитираат со името на малиот принц- еве кои имиња се во игра

Веднаш по раѓањето на вториот син на Вилијам и Кејт, британските обложувалници почнаа да прифаќаат облози во врска со името на бебето.

Меѓу најспомнуваните имиња се: Артур, Алберт и Филип. Како што пренесуваат лондонските медиуми, најверојатно престолонаследникот и неговата сопруга ќе ја испочитуваат традицијата, и за своето трето дете ќе одберат име од историјата на кралското семејство.

Познавачи и извори блиски до кралската куќа, сепак, тврдат дека детето многу веројатно може да биде крстено на некој од семејството на Кејт Мидлтон.

Синот првенец на кралската двојка се вика Џорџ, а помалата ќерка – Шарлот – имиња поврзани со кралското семејство.

Најпопуларни машки имиња годинава во Велика Британија, се Лијам, Ноа, Логан и Оливер.

Најнови вести