Родителите на Александра Пријовиќ се разведени со години наназад, а среќата потоа ја пронашле во други партнери.
Така мајката на пејачката Борка која исто така е пејачка била во врска со музичарот Фахдруд, додека нејзиниот татко Недељко ја засакал Лена која во 2018 година ја оженил.
Парот често на социјалните мрежи објавува колку се среќни и како уживаат во заедничкиот живот, а нив често ги гледа и пејачката Александра чиј татко најмногу ужива во друштво на малиот Александар кој му е негов внук од ќерката.
Времето парот го поминува и со двете деца на Лена кои ги има од претходниот брак.
Пејачката и Филип присуствувале и на венчавката на нејзиниот татко со маќеата Лена во 2018 година, а засега очигледно одлично се сложуваат.