четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПО РАЗВОДОТ НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА – Софија Вергара повторно провоцира, овој пат гола во када (ФОТО)

ПО РАЗВОДОТ НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА – Софија Вергара повторно провоцира, овој пат гола во када (ФОТО)

На задоволство на многубројните фанови, Софија Вергара објави разголена фотографија без шминка додека се релаксира во када.

Познатата актерка и судија во шоуто „America’s Got Talent“ сподели атрактивно селфи на Инстаграм, на кое се одмора во прекрасна мермерна када во хотелот „Булгари“ во Париз, пишува Page Six.

– Планирам како да ја донесам оваа када во Л.А., напиша таа во описот на фотографијата, нагласувајќи дека е уморна од патувањето со авион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

51-годишната актерка изгледа свежо со собрана коса додека нежно се насмевнува пред камерата. Следбениците на ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ ја преплавија со коментари полни со комплименти за убавата актерка.

– Изгледаш одлично, исто како и секогаш, напиша една следбеничка.

– Зошто воопшто би се шминкала? Изгледате прекрасно без тоа, вели еден коментатор.

Инаку, Вергара отпатува во Париз за да присуствува на култната модна недела, а дел од својата вечер сподели со нејзината пријателка, дизајнерката Валентина Микети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Имено, Вергара заминала во Франција среде разводот со Џо Манганиело. Отуѓената двојка во јули објави дека става крај на седумгодишниот брак.

– Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашите животи“, рекоа тие во ексклузивната изјава за Page Six тогаш. Во меѓувреме, извор изјави за Page Six дека двојката „се оддалечува веќе некое време“ и „размислува за својата иднина“.

Иако Вергара и Манганиело не ги открија конкретните причини што довеле до разделбата, повеќе извори велат дека тоа има врска со неговата желба да има деца.

Најнови вести