недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ДОМОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ВРЕДЕН 500 ИЛЈАДИ ЕВРА – огромна порта и ѕидини да го прикријат тајниот двор, а клавирот е посебен (ФОТО)

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ДОМОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ВРЕДЕН 500 ИЛЈАДИ ЕВРА – огромна порта и ѕидини да го прикријат тајниот двор, а клавирот е посебен (ФОТО)
Foto: A. Nalbantjan

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ набргу по венчавката купија куќа во елитната белградска населба Бежаниска коса.

Парот го опреми семејниот дом по свој вкус, но многу детали се наменети за уживање на нивниот син Александар.

Како што објавија српските медиуми, Прија и Филип платиле 500.000 евра за луксузниот имот во Белград. Вилата на три ката е опкружена со висока метална порта и со силни бели ѕидови.

Во целиот простор доминираат големи прозорци, па затоа е исполнет со светлина.

Светлиот мебел и свилените завеси го красат ентериерот на сите соби, а нема премногу детали – минимализмот и елеганцијата се нивните главни мотиви.

Во куќата има и неколку големи огледала, а особено омилено на Александра ѝ е големото во спалната соба, пред кое често се фотографира.

Стилизираниот мебел во заднината на сликите на пејачката објавени на Инстаграм одлично се вклопува со сите комбинации кои Пријовиќ ги избира за излегување.

Секое парче што го краси ентериерот на оваа прекрасна вила е избрано со вкус и умереност.

Foto: A. Nalbantjan

Најнови вести