петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поп-дивата сама на себе ќе си купи веренички прстен

Поп-дивата сама на себе ќе си купи веренички прстен

Откако се раздели со милијардерот Џејмс Паркер (50), Мараја Кери (47) малку се опушти кога е во прашање нејзината кариера, но и во областа на љубовниот живот.

Имено, таа моментално е во врска со помладиот пејач Брајан Танака (34), а во план е и веридба. Пејачката е спремна за нов чекор во нивната врска, но под еден услов – сама да си го купи вереничкиот прстен.

“Мараја воопшто не крие дека има намера да се венча со Брајан, а таа отворено му дала до знаење пред дочекот на Новата година. Но, таа не сака тој да ѝ купи веренички прстен бидејќи знае дека не може да го приушти она што таа го заслужува”, вели извор близок до пејачката.

Тој додава дека Мараја навистина го сака Брајан, а кога е со него, таа го отфрла своето однесување на проблематична дива. Нејзината екипа во тие моменти е најсреќна бидејќи речиси целиот свет знае дека Кери е комплицирана за соработка.

Пред сето ова, пејачката беше во брак со Ник Канон (37) со кого ги има близнаците Морокан и Монро (6), а од 1993 до 1998 година била венчана и со Томи Мотола.

Мараја ја започна својата врска со Брајан набрзо откако раскина со Паркер, на кого одбива да му го врати вредниот веренички прстен.

Најнови вести