среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Популарниот актер уловен на аеродром во непрепознатливо издание – многумина сметаат дека повторно им подлегнал на пороците (ФОТО)

Популарниот актер уловен на аеродром во непрепознатливо издание – многумина сметаат дека повторно им подлегнал на пороците (ФОТО)

Нисон е уловен на аеродромот во ЊуЈорк, а многумина мислат дека повторно му се одал на алкохолот.

Популарниот актер Лијам Нисон (67) скоро и никој да не го препознал кога во средата се појавил на аеродромот во ЊуЈорк. Иако е еден од најпрепознатливите актери на денешницата, неговиот сегашен изглед загрижи многумина.

Нисон на аеродромот се појави во досега не видено изнадине, а некои одма почнаа да негодуваат дека повторно му се предал на алкохолот. Пред десет години после смрта на неговата сопруга во 2009 година се бореше со пороците. Тогаш, како што истакнал му застанал животот.

-Разговаравме телефонски и ми рече: „Љубов, паднав малце на снегот“. Така таа го опиша она што се случило – раскажал тогаш актерот, кога неговата сопруга Наташа се здобила со повреди во една школа за скијање, откако паднала на глава и не носела кацига.

Наташа одма била сместена во болница во Монтреал, а Нисон одма долетал штом слушнал за несреќата. Неколку дена после несреќата таа падна во кома поради излив на крв на мозокот и била приклучена на апарати.

Таа и јас имавме договор доколку некој од нас заврши во таква состојба, ги исклучува апаратите. Така и направив. Наташа донирала три органи и спасила три животи. Го донирала срцето, бубрезите, и дробот, изјави Нисон во 2014 година, на петата годишнина од нејзината смрт.

Токму затоа, од причина што не можи да се носи со смрта на љубовта на неговиот живот, многумина мислат дека тој повторно му подлегнал на алкоголот и пороците, а фановите на Нисон веднаш се загрижија откако порадни неговото издание во кое се појавил, а никој не го препознал на њујоршкиот аеродром.

Најнови вести