среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешната Мис Италија е новата ѕвезда во италијанскиот фудбал, со својот изглед ќе ја засени и Дилета

Поранешната Мис Италија е новата ѕвезда во италијанскиот фудбал, со својот изглед ќе ја засени и Дилета

Каролина Страмаре во 2019 година била прогласена за најубавата жена во Италија.

Тоа што Дилета Леота е во Серија А, а тоа е титула на најпосакувана спортска новинарка, тоа полека го постигнува Каролина Страмаре во Серија Б.

Некогашната Мис Италија, која круната ја добила во 2019 година, во октомври одлучила да заплови во фудбалските води, а во меѓувреме станала препознатливо лице во второто по ранг натпреварување во Италија.

Нејзиниот Инстаграм профил „експлодирал“ во оној момент кога Каролина влегла во Серија Б, но далеку од тоа дека се откажала од кариерата на топ-модел кој дефинитивно ѝ прилега. Барем таков впечаток добиваме од нејзините фотографии на Инстаграм.

Медиумите во Италија за Каролина пишуваат во суперлатив, односно дека прекрасно се снашла на своето деби во фудбалот. Многумина ја споредуваат со Дилета и сметаат дека наскоро ќе ги достигне висините во Серија А, доколку продолжи со тоа темпо.

Најнови вести