





Семејниот закон вели дека заеднички имот е тој кој е стекнат со работа за време на заедничкиот живот во брак, па затоа не е чудна глетката од домот на Весна Аврамовиќ, поранешната сопруга на Жељко Јоксимовиќ.
Спонтаното позирање покрај клавирот случајно открила мала семејна тајна, бидејќи во аголот се гледаат и бројните награди на Жељко. Оскар на популарноста, признание за триумф на Беовизија.
Иако нивниот брак кратко траел и завршил одамна, Весна и Жељко останаа пријатели и заедно продолжија да се грижат за ќерката Мина.
„Весна е мајка на моето дете и има посебно место во мојот живот. Би било лошо да е поинаку. Ние, всушност никогаш не сме се разделиле. Секојдневно се слушаме и имаме еден одличен однос – рекол пејачот во една прилика, кој од 2012 е во среќен брак со Јована Јоксимовиќ.





