Пејачката Рада Манојловиќ е многу активна на социјалните мрежи, а сега објави видео и покажа како изгледа без шминка на лицето, но и без филтрите кои многу познати личности ги користат во последно време.
Имено, Рада е снимена во сосема природно издание, со коса собрана во пунџа, а ги извади и очилата покажувајќи го своето вистинско лице.
Се гледаат темни кругови под очите од замор и недостаток на сон, а тоа не ја спречи пејачката да се снима и на сите да им покаже како изгледа кога камерите се исклучени. Рада после ова доби многу коментари, а сите велат дека е природна убавица.