Најголемата визуелна промена во оваа година секако е онаа која ја направи Стефан Ѓуриќ Раста кога ги отсече суканиците и тоа баш оној ден кога се роди неговата ќерка Тара.
Како што тогаш рече оваа драстична промена на препознатливиот имиџ не била ниту малку случајна.
-Се ошишав поради мојата Тара. Од утринава сум друг човек и решив целосно да се променам. Решив да се соживеам со неа и заедно да пуштаме коса и оној момент кога ќе имаме суканици, ќе ги имаме заедно – рече тогаш Раста.
Меѓутоа изгледа тој заборави на даденото ветување, така што на публиката повторно и се претстави во старото издание, со очигледно надградени нови суканици.
-Лошите луѓе се обидоа да не скршат, многу пати. Победувавме секој пат. Затоа денеска сум послаб за 15 килограми од вашите глупости, свеж, посилен од било кога, нови победи, бидејќи само неботото е граница. Повторно со вас Јас и Јас! Љубов за семејството. Љубов за мојот ангел, порача Раста по социјалните мрежи.