Северина Којиќ со блиските пријателки, меѓу кои и светскиот првак во фрлање диск Сандра Перковиќ, се забавуваше на популарниот „Адвент“ во Загреб.
Севе и Сандра се опуштија малку повеќе, па за време на фотографирањето се бакнаа во уста. Спортистката фотографијата ја сподели на социјалните мрежи, а за помалку од 4 часа заработи повеќе од 6.000 лајкови и низа коментари.
„Кога ќе ја запознаеш Вистинската“, искоментира Сандра во описот на објавената фотографија.