Старлетата Сораја Вучелиќ не престанува да излегува иако се породи пред само неколку недели.
Таа неодамна беше на настап на Ана Николиќ, а сега се појави на настап на Никола Роквиќ во еден познат клуб во Загреб.
Таа цело време објавуваше видеа од забавата, а на масата се гледаа безброј испиените шишиња алкохол.
Поранешната учесничка во неколку реални шоу програми објави и фотографија од забавата на која позира во краток фустан со деколте кое едвај и ги собра џиновските гради.
Она за што сите се прашуваа е дали таа повторно си заиграла со фотошопот со оглед на тоа дека главата и е помала од силиконите кои навистина и изгледаат како две нејзини глави.
Освен нив големо внимание привлекоа и нејзините веѓи кои речиси на никој не им се допаднаа со оглед на тоа дека изгледаат како несредени.