вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Со овој фустан Кејт Мидлтон разлути многумина, но блесна во полн сјај (ФОТО)

Таа блесна во прекрасен фустан од колекцијата на Џени Пекам, кој го надополни со црни сандали и чантичка, како и со импресивен смарагден накит.
Со овој фустан Кејт Мидлтон разлути многумина, но блесна во полн сјај (ФОТО)

Кејт Мидлтон реши да оди спротивно на Time’s Up иницијативата за носење на црни тоалети за време на доделувањето на BAFTA наградите и се појави во темно зелен фустан.

Нејзиниот избор го подели мислењето на јавноста, па додека едни ја поддржуваат, други ја критикуваа бидејќи не земала учество во протестот на јавните личности против сексуалното насилство.

Според традицијата на кралското семејство, функцијата на војвотката не дозволува таа да се приклучи кон било каков политички протест, па поради тоа Мидлтон сепак не се определи за црната боја.

Таа блесна во прекрасен фустан од колекцијата на Џени Пекам, кој го надополни со црни сандали и чантичка, како и со импресивен смарагден накит.

Во вакво издание ги засени сите познати актерки околу себе, вклучувајќи ги и Анџелина Џоли, Џенифер Лоренс и Маргот Роби.

Најнови вести