Медиумите ја пренесоа веста дека се влошила здравствената состојба на поранешниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ , кој до 6 септември го водеше италијанскиот прволигаш Болоња.
Во средината на 2019 година Михајловиќ дозна дека боледува од леукемија, а потоа и се обрати на јавноста на прес-конференција.
– Кога ја добив веста, тоа беше вистински удар. Седев и плачев со денови, животот ми поминуваше пред очи. Ова не се солзи од страв. Ја почитувам болеста, ќе се соочам со неа, ќе се соочам, гледајќи ја во очи, како што секогаш правев – изјави тогаш Михајловиќ.
View this post on Instagram
Успеа да се опорави и да се врати на клупата, но се чини дека сега ситуацијата повторно му се влоши. Новинарот на италијанското радио Иларио ди Џова на Твитер потврди дека состојбата на Михајловиќ се влошила, но додаде дека моментално е во стабилна состојба и опкружен со членови на семејството.
View this post on Instagram
А неговото семејство целосно се повлече од јавноста, што создава дополнителна загриженост.
Имено, неговите ќерки Викторија и Вирџинија, кои неодамна лансираа сопствен моден бренд и го рекламираа на социјалните мрежи, со денови не се активни на Инстаграм. Сопругата на Синиша, Аријана, исто така не се огласува, таа последен пат сподели фотографија на 5 декември, а дотогаш тоа го правеше секој ден“, пишува српски Курир.
View this post on Instagram
Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше тренер на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња.
View this post on Instagram