Легендарниот американски актер Силвестер Сталоне ја дочека Новата година во болница каде заврши поради висок притисок, тахикардии и вртоглавици.
Најверојатно тоа биле само дел од болките кои ги чувствувал познатиот актер, а лекарите му препорачале да ги направи сите анализи за да биде сигурен дека се е во ред.
На Сталоне тешко му паднале обвинувањата од неговата поранешна колешка за силување за кое тој истакнал дека никогаш не се случило.
-Единствено ќе оди против мене во надеж дека ќе „измолзи“ некои пари, но со ова бескрајно го повреди моето семејство, особено ќерките Систина, Софија и Скарлет, истакнал актерот.
И покрај хоспитализацијата, актерот вчера на својот Инстаграм профил најави враќање во акциските филммови.
-Време е за враќање во форма за снимање на акциони филмови. Иако се чини дека е невозможно, важно е да одите напред. Стари сте само колку се чувствувате како такви. Мозокот е мускул кој никогаш не смее да престане да работи, напиша Сталоне.