Старлетата Сораја Вучелиќ денеска итно е пренесена во Хрватска, каде лекарите се борат за нејзиниот живот по страшната несреќа што ја доживеа на границата со Албанија.
Како што дознава српски „Телеграф“, операцијата е во тек и лекарите прават напори да го спречат крварењето на старлетата, кое во голема мера и ја искомплицирало состојбата и и се заканува по живот.
– Операцијата е во тек. Има внатрешно крварење во стомакот, тоа е крварење од два дела, што значи дека се случило подоцна, не веднаш по несреќата – вели изворот и додава:
– Лекарите се надеваат дека се ќе биде во ред откако ќе го сопрат крварењето – открил за Телеграф.рс извор близок на старлетата.
Имено, Сораја пред два дена доживеала страшна несреќа на границата меѓу Косово и Албанија. Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари.