петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трогателно: Сопругата на Срѓан Тодоровиќ раскажа како почина нивниот син единец

И покрај се, екипата упорно се обидувала да го реанимира момчето. Во тимот била искусна лекарка која на прв поглед видела дека состојбата на детето е многу лоша. Лицето на детето било сиво, а тоа е знак дека долго било без кислород и дека нема шанси да преживее.
Трогателно: Сопругата на Срѓан Тодоровиќ раскажа како почина нивниот син единец

Кога вчера беше објавено дека ненадејно почина малиот Дејан, тригодишниот син на Срѓан Тодоровиќ, сите занемеа од шок. Нема човек кој оваа вест не го потресе, а ни медицинската сестра која била дел од екипата на Брзата помош која дошла во домот на Тодоровиќ не можела да ги задржи солзите кога видела дека реанимацијата не успеала.

И покрај се, екипата упорно се обидувала да го реанимира момчето. Во тимот била искусна лекарка која на прв поглед видела дека состојбата на детето е многу лоша. Лицето на детето било сиво, а тоа е знак дека долго било без кислород и дека нема шанси да преживее.

Било преземено се, но помош немало – рекол соговорник запознаен со трагичниот случај.

Ана Тодоровиќ, сопругата на Срѓан, вчера смогнала сила и открила се што се случувало во средата  попладне кога починал нивниот син единец.

-Јас веднаш повикав Брза помош. Се обидоа да го реанимираат. Не успеаја. Бутините му беа виолетова. Сестрата почна да плаче. Мажот, кој беше во екипата и рече нешто, дека не е професионална затоа што плаче. Беше страшно, низ солзи раскажала Ана Тодоровиќ.

Дејан Тодоровиќ ќе биде кремиран утре, а потоа и погребан крај својот дедо, Бора Тодоровиќ.

Најнови вести