Убавата актерка Хилари Свонг очекува близнаци на своја 49-годишна возраст, со својот сопруг Филип Шнајдер. Убавата вест ја откри на почетокот на октомври 2022 година.
-Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе бидам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува, изјави Хилари во емисијата „Добро утро Америка“.
View this post on Instagram
Двократната оскаровка изјави дека се чувствува одлично, но се пошегува дека целата нејзина облека почнала да ја стега.
-Ова е голем благослов и апсолутно чудо, заклучи таа.
На Хилари ова и е втор брак, а со љубовта на својот живот се омажи во 2018-та година.