Пред неколку години вирално стана видеото од Златан Ибрахимовиќ како ја прославува победата на својот тим со песната „Утро је“ од Нада Топчагиќ.
Откако дозна дека на почетокот на минатата година познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се појавил на сцената на најголемиот италијански фестивал Санремо со воведните стихови на песната „Утро е“, Нада Топчагиќ не можела да си дојде на себе.
Оттогаш, нејзиното име често тесно се поврзува со неговото, а популарната пејачка минатата година беше и специјален гостин на неговата роденденска забава, каде имаше можност во живо да ја отпее неговата омилена песна на Златан.
Пејачката и фудбалерот се спријателиле, а Нада сега откри дека сите и поставуваат толку многу прашања за славниот фудбалер што веќе не и е пријатно да зборува за него.
-Има толку многу фудбалери, но поради неговата харизма Златан Ибрахимовиќ е толку популарен, само ме прашуваат каков е каде и да одам, уморна сум да одговарам на тие прашања. Сите ми се восхитуваат поради тоа каков е, жени и мажи, деца, откри пејачката.