Аријана Гранде признала дека е нервозна пред настапот во градот во кој на нејзин концерт беа убиени 22 лица.
Таа пред две години одржа концерт во Манчестер, а бомбаш самоубиец се разнесе пред салата убивајќи 22 лица, додека стотина беа повредени. Аријана собра сили и само две недели по нападот одржа хуманитарен концерт за семејствата на жртвите.
Сега повторно се врати на „местото на злосторството“.
-Многу сум возбудена, ве сакам. Ви благодарам што повторно ме повикавте да дојдам. Го обожувам Манчестер, секогаш во моето срце, истакна пејачката.