Една од најпознатите спортски новинарки Дилета Леота неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои напорно тренира.
Откако во март ја сподели веста за првата бременост, Дилета Леота покажа дека не се откажува од вежбањето ниту за време на бременоста, па на својот профил сподели фотографии на кои позира во спортска облека.
View this post on Instagram
Дилета првично објави видео во кое тренира заедно со тренер, каде објасни дека моментално е во второто тримесечје и какви вежби прави за да остане во форма. На една од фотографиите го ставила описот: „И во ова време се грижам за себе“.
За потсетување, таа и нејзиниот партнер, голманот Лорис Кариус го очекуваат своето прво дете. Двајцата се запознаа во средината на 2022 година, а својата врска ја објавија во ноември истата година.