петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вистинско медицинско чудо: Сакале да го исклучат од апарати пред 33 години, а Хокинг го прослави 76-тиот роденден

Кога му била откриена болеста докторите му предвиделе само уште 2 години живот, но тој е вистинско медицинско чудо и со болеста живее повеќе од 50 години.
Вистинско медицинско чудо: Сакале да го исклучат од апарати пред 33 години, а Хокинг го прослави 76-тиот роденден

Тој е еден од најбрилијантните умови на земјата и вистинско чудо на медицината.

Стивен Хокинг на 8-ми јануари го прослави својот 76-ти роденден. Еден од најбрилијатните умови на светот, англискиот теориски физичар и космолог се смета за еден од најголемите научници на сите времиња и неговата работа во голема мера влијаела на на космологијата и квантната гравитација, а особено значаен придонес има во истражувањето на црните дупки.

Од 1963 година на Хокинг му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), која е прогресивна, обично смртоносна, неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. Како моторна невронска болест, таа предизвикува мускулна слабост и атрофија по целото тело.

Кога му била откриена болеста докторите му предвиделе само уште 2 години живот, но тој е вистинско медицинско чудо и со болеста живее повеќе од 50 години.

Во 1985 година неговата тогашна сопруга Џејн одбила медицинскиот персонал да му ги исклучи апаратите што го одржувале во живот, кога фатил пневмонија и бил во кревет. Во тој период Хокинг бил во вештачки предизвикана кома во болница во Женева, за што говори во документарниот филм од 2013 година.

Џејн одбила и барала трансфер во Кембриџ, каде следеле најтешките денови од неговиот живот со интензивна нега и третмани. Болеста го оставила неспособен да зборува и направила да има потреба од константна нега, но не го спречила да работи на своите научни истражувања.

Во 1988 година ја издал книгата „A Brief History of Time“, која се продала во преку 10 милиони копии низ целиот свет.

Неговата болест му дала посебен поглед на светот.

-Затоа што секој миг може да ми биде последен имам желба да го искористам максимумот од секоја минута, вели инспиративниот Хокинг.

Неговата состојба е исклучок од правилото кога станува збор за болеста АЛС. На Хокинг оваа болест му била дијагностицирана на 21 година и, покрај лошите предвидувања на докторите, тој сега го прослави својот 76-ти роденден.

Најнови вести