сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Жежок почеток на 2023-та година: Станија со секси фотографии си ја посака себеси најубавата желба

Жежок почеток на 2023-та година: Станија со секси фотографии си ја посака себеси најубавата желба

Поранешната учесничка на „Задруга“, победник на шестата сезона на „Фарма“ и девојката која прва на нашите простори ја освои титулата старлета и со тоа воведе нова професија на Балканот, Станија Добројевиќ, си ја посака најубавата желба за Нова година.

Во интервју за ПИНК, таа откри што за неа е најголем успех, а кој најголем пораз?

-Мојот најголем успех е убав и исполнет живот, среќно, здраво семејство… Тоа ми е најважно. А најголемиот пораз оваа година дефинитивно беше раскинувањето на врската во која вложив 3 години и многу труд, љубов, соништа… Сега на тоа гледам дури и како благослов, но во моментот на раскинувањето го доживеав тоа како голем пораз, рече таа.

Потоа одговори на прашањето што си посакува за себе.

-Мислам дека е време за семејство. Оваа година може да биде подготовка за тоа, истакна Станија.

Секако, ништо без нејзините провокативни и жешки фотографии.

FOTO: FOTO/RADIVOJ HADŽIĆ

Најнови вести