Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација Игор Ангеловски донесе одлука по скандалозното однесување на фудбалерот Илија Несторовски кој вчера во камера за време на натпреварот против Лихтенштајн опсу.
-Откако ја погледнав снимката, одлучив да го ослободам Илија Несторовски за мечот со Германија. Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, нагласи Ангеловски за сајтот на ФФМ.