четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Араухо потпишува нов договор со Барселона

Араухо потпишува нов договор со Барселона

Барселона и Араухо имаат иста желба за продолжување на соработката. 23-годишниот стопер од Уругвај се согласи со условите на Барселона и ќе потпише нов договор до летото 2026 година.

Младиот дефанзивец имаше договор до летото 2023 година и Барселона сакаше да го врзе на дополнителни три години. Ова е само продолжение на добрата политика на Барселона во последно време, а следен кој треба да потпише нов договор е Гави.

Претходно, договорите лани ги потпишаа Ансу Фати и Педри, кои исто како и Араухо во новиот договор имаат отштетна клаузула од една милијарда евра.