понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразил назначи селектор до доаѓањето на Карло Анчелоти

Бразил назначи селектор до доаѓањето на Карло Анчелоти

Додека Карло Анчелоти стигне на клупата на Бразил, оваа селекција ќе ја води Фернандо Диниз. 49-годишниот Диниз доаѓа од екипата на Флуминензе, но нема да го напушти клубот, туку ќе работи паралелно и со бразилската репрезентација.

Доколку Анчелоти стане слободен во текотн  идната сезона, Диниз ќе се откаже после шест месеци на клупата на „селесао“, а ако Анчелоти ја „истурка“ цела сезона, тогаш ќе остане на кормилото една година.

Италијанецот ќе ја води селекцијата на кариоките на Копа Америка 2024 година, и тоа ќе му биде веднаш големо натпреварување како селектор.

Диниз покрај Флуминензе, во кариерата ги водеше и Ботафого, Сао Паоло, Сантош, Васко де Гама, а нема ниту еден голем трофеј.