Скандалозно однесување го одбележа мечот помеѓу екипите на Фалкирк и Данфермлајн во рамки на шкотската фудбалски лига.
Имено навивачите на гостинската екипа, без срам и чувства, брутално го навредуваа и исмејуваа фудбалерот на Данфермлајн, Декан Шелзи на начин што кон него фрлаа лажни очи.
Причината за тоа е што Шелзи има само едно око, откако другото со операција му беше отстрането во 2006 година бидејќи му било оштетено во домашна несреќа кога имал само осум години.