Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон доби нова функција. Тој ќе биде на чело на делегацијата на италијанската репрезентација.
Четириесет и петгодишниот Буфон пред три дена најави дека се пензионира како играч.
– Се враќам во репрезентацијата затоа што детето кое првпат ги мина портите на Коверчиано пред 30 години, сè уште сака да сонува и да го живее овој сон со италијанските навивачи, напиша Буфон на социјалните мрежи.
Пред Буфон на шеф на репрезентативната делегација беше Џанлука Вијали. Во декември 2022 година, Вијали ја напушти функцијата, а во јануари почина.