четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Донесени првите пресуди за случајот „Корупција во ФИФА“

Донесени првите пресуди за случајот „Корупција во ФИФА“

Поранешниот потпретседател на ФИФА Хуан Анхел Напут и поранешниот претседател на Фудбалската конфедерација на Бразил, Хозе Марија Марин беа прогласени за виновни од судот во Њујорк во случајот за корупција во ФИФА, објавија светските медиуми.

Тие се одговорни за земање мито во замена за маркетинг и медиумски права за меѓународни фудбалски натпревари. Сојузниот суд во Њујорк ги донел пресудите по пет седмици сослушувања и сведоци.

Се уште нема изречена пресуда против поранешниот претседател на перуанската фудбалска асоцијација Мануел Бурга.

Обвинителството најави дека Бурга зел 4,4 милиони долари поткуп, Марин – 6,6 милиони долари, а Напут 10,5 милиони долари.

Најголемиот скандал во историјата на ФИФА избувна на 27 мај 2015 година, кога во Цирих беа уапсени високи функционери на Светската фудбалска централа. Наводите за корупција беа покренати од 14 поранешни и сегашни директори на фудбалот.

Според податоците на американските власти за 24 години осомничените добиле поткуп во износ од околу 150 милиони долари.

Вториот бран на апсења започна во Цирих на 3 декември 2015 година, кога беа приведени претседателот на КОНКАКАФ и на федерацијата на Хондурас Алфред Хавит и шефот на КОНМЕБОЛ Хуан Анхел Напут од Парагвај.

ФИФА обвинети за корупција 42 лица.