Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ е прогласен за најдобар играч во Серија А за месец фервуари.
Оваа награда доаѓа од Асоцијацијата на фудбалери во Италија. Новото засилување на Јувнетус одлично се адаптираше во новиот клуб по трансферт вреден околу 80 милиони евра.
Влаховиќ на шест натпревари за „Старата Дама“ во февруари постигна четири гола од кои три во Серија А.
Per i suoi gol, per il suo straordinario rendimento, #DV7 è stato nominato miglior giocatore del mese di febbraio @assocalciatori. ⚪⚫
Complimenti Dušan, meritatissimo! 👏 pic.twitter.com/O4j9jsOPpJ
— JuventusFC (@juventusfc) March 3, 2022
Во изборот Влаховиќ доби повеќе гласови од Траоре од Сасуоло и од Тамезе од Верона.