Поранешната хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ од трибините го следеше вчерашниот натпревар помеѓу Бразил и Швајцарија. Грабар деновиве го привлекува внимание на модните критичари и вљубениците во модата благодарение на нејзините стајлинзи.
Кога ги бодреше своите сонародници од трибините, Грабар беше облечена во модифицирана народна носија, а на време на вчерашниот натпревар поранешната претседателка беше стилизирана во кошула чија вредност е околу 1800 евра. Кошулата е од познатиот бренд „Louis Vuitton“, со потпис на неодамна починатиот американски дизајнер Вирџил Абло.
На социјалните мрежи Грабар објаснила зошто се одлучила да се појави токму со оваа кошула на натпреварот.
„Во спомен на легендарниот дизајнер Вирџил Абло, голем вљубеник во Хрватска и „ватрените“, кој почина точно на денешен ден (28.11.2022) пред една година. Ја носев неговата кошула. Му благодарам на овој преубав подарок“ – напишала таа.
Уметничкиот директор на „Louis Vuitton“, основач и извршен директор на модната куќа „Off-White“, Вирџил Абло мината година ја изгуби битката со ракот на само 41 годишна возраст.
Абло ја основаше модната куќа за врвна улична облека „Off-White“ во 2013 година. Во 2018 година, Луј Витон го ангажираше како уметнички директор на „ready-to-wear” линијата за машка облека, со што стана првиот обоен уметнички директор на брендот.
Абло зад себе ги остави сопругата Шенон, нивните две деца Лоу и Греј, неговата сестра Едвина и родителите Ни и Јунис.