четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Манчестер Јунајтед им го исполни сонот на тајландските деца херои

ФОТО: Манчестер Јунајтед им го исполни сонот на тајландските деца херои

Дечињата кои пред неколку месеци издржаа две недели во пештера во Тајланд и херојски беа спасени од нуркачка експедиција, денес го остварија својот сон.

Имено, од таборот на Манчестер Јунајтед уште тогаш објавија дека ќе им дозволат на дечињата и нивниот тренер да го посетат „Олд Трафорд“ и да присуствуваат на некој натпревар на клубот.

Денес тие пристигнаа во Манчестер и од ВИП ложата го следат дуелот помеѓу „црвените ѓаволи“ и Евертон.

Пред натпреварот тие направија неколку селфи, а на нивните лица точно се забележува колкава е нивната радост.