Кафулето „Чарли“ во Загреб во кое легендарниот фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ, секојдневно ги пиел своето кафе, на свој начин се прости од омилениот гостин.
На шанкот ја поставиле неговата секојдневна нарачка, мало макијато и цедевита од лимон. Поставена била и фотографија од Блажевиќ заедно со дрес на Динамо, пишува Индекс.хр.
Подоцна, нарачката ја преместиле на посебна маса поставена покрај прозорецот на кафулето.
Ќиро Блажевиќ почина денеска, ден пред неговиот 88-ми роденден.