понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалер со пиштол во чело му се одмаздил на тренерот зошто го оставил на клупа

Веднаш избувнал, извадил пиштол и му го ставил на челото на тренерот. Среќа ситуацијата се смирила без последици, а тренерот Неира веднаш се упатил кај претседателот на клубот и дал оставка.
Фудбалер со пиштол во чело му се одмаздил на тренерот зошто го оставил на клупа

На ден пред натпревар, тренерот Кристијан Неира им го соопштил на играчите составот со кој планирал да настапат. Во почетните 11 не бил Сезар Пагани, кому оваа одлука не му се допаднала.

Веднаш избувнал, извадил пиштол и му го ставил на челото на тренерот. Среќа ситуацијата се смирила без последици, а тренерот Неира веднаш се упатил кај претседателот на клубот и дал оставка.

„Тренерот си даде оставка. Еден играч му се закануваше дека ќе го убие затоа што го остави на клупа. Има играч кој е во првиот тим и кој е подобар. На крајот на краиштата тренерот решава кој ќе игра. На крај добро се заврши“, вели претседателот Еметерио Фаријас.