среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерот на Мајорка урнебесно ја опиша сопругата: Жена ми ме држи за ма*иња како Серхио Рамос (ФОТО)

Фудбалерот на Мајорка урнебесно ја опиша сопругата: Жена ми ме држи за ма*иња како Серхио Рамос (ФОТО)

Мајорка со 3:0 го победи Депортиво и влезе во шпанска Премеиера, а фудбалерот на Мајорка Жуниор Лаго играч на Брегот на Слоновата Коска ја насмеа јавноста ширум Шпанија.

Неговите соиграчи го славеа пресвртот од 0:2 од првиот натпревар и пласманот во елитното натпреварување после шест години, на на Лаго му се придружи неговата сопруга.

-Ќе прославам со соиграчите и со сопругата, која ме држи за ма*иња. Таа ме чува како Серхио Рамос, не ми остава ни сантиметар простор, се пошегува Лаго, а неговата сопруга тоа и го потврди.

Овој 28-годишен крилен играч веќе три години настапува за Мајорка, а претходно ги носеше дресовите на Нумансија, Мирандес, Гимнастик и Еибар.